Договорени дирекна авиолинија Анкара – Скопје, карго железничко поврзување и инвестиции од 2 милијарди

Македонија и Турција постигнаа договор за воспоставување директна авиолинија меѓу Анкара и Скопје, како и за унапредување на железничкото карго поврзување, со цел зајакнување на транспортната и економската соработка.

Договорот е постигнат на средба меѓу вицепремиерот Александар Николоски и турските министри Абдулкадир Уралоглу и Омер Болат, при што биле разгледани повеќе проекти од областа на инфраструктурата, транспортот и трговската размена.

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу, како што беше истакнато, нагласил дека дел од пошироките планови за соработка со регионот опфаќаат и проекти вредни околу 2 милијарди, насочени кон подобрување на транспортните и логистичките капацитети.

Со новата авиолинија се очекува олеснување на патувањата меѓу двете земји, додека подобреното железничко карго поврзување треба да придонесе за побрз и поефикасен проток на стоки и зголемена трговска размена.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK