Алиу: Законот за заштита од употреба на производи од тутун помина во прво читање на пленарна седница
Тутунот е поврзан со над 3.600 смртни случаи годишно, а економските загуби се проценуваат на над 600 милиони евра годишно. Особено загрижувачки се статистичките податоци кои покажуваат дека 13,6% од младите од 13 до 15 години користат тутунски или никотински производи, 57% од учениците се изложени на туѓ чад во затворени јавни простори, а 73% од младите пушачи изјавиле дека не биле спречени да купат цигари поради возраста.
Воедно, тој додава дека зад изготвувањето на ова законско решение стои макотрпен, инклузивен и исклучително одговорен процес на широки консултации со сите засегнати страни и чинители, во рамки на кој беа одржани 7 работни состаноци со тутунската индустрија, 5 состаноци со угостителскиот сектор, усогласувања со државните институции и со дури 14 инспекциски и надзорни органи. Воедно, преку ЕНЕР беа детално разгледани 58 коментари од граѓани, трговци и експерти.
Comments are closed.