Скандал во скопско училиште: Професор од училиште за средно образование барал да има секс со 18 годишна ученичка

Професор од скопско средно училиште е приведен поради вознемирување ученичка, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што се наведува, се работи за 52 годишен маж кој приведен вчера во 17:30 часот, откако претходно бил пријавен од ученичка.

„Професорот во периодот од 25 февруари до 2 март годинава вознемирувал 18 годишна ученичка и барал да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, информираат во МВР.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK