Трагедија во Карпош: Мајка и дете се фрлија од зграда во скопски Карпош
Голема трагедија се случи во скопската населба Карпош. Пронајдени се мртви мајка и дете, денеска напладне.
Според неофицијални полициски информации станува збор за самоубиство, а трагедијата се случила околу 14 часот.
Инцидент пред малку се случил кај зградата „Алумина“ во скопски Карпош. Жители на овој дел на Скопје сведочат за зголемено присуство на полицијата на местото.
Од МВР за Курир потврдија две жртви, а неофицијално станува збор две лица кои паднале од балкон.
Екипи на Брза помош и увидни екипи на полицијата се на терен, а засега не се познати причините за инцидентот и од каков карактер е истиот.
На терен е излезено и Обвинителството, неофицијално дознаваме од наши извори.
Comments are closed.