Возило излета во реката Радика кај Бигорскиот манастир, има загинати
Денеска во 15:48 часот, од страна на дежурниот центар Е-112 Охрид е примена пријава за сообраќајна незгода – паднато патничко моторно возило во реката Радика, кај Бигорскиот манастир.
По добиената пријава, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово остварил телефонски контакт со пријавителот, кој информирал дека возилото се движело со поголема брзина, при што изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката Радика, на локација после Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
За настанот веднаш биле известени полициските службеници од ПС Ростуше, кои ја потврдиле информацијата и излегле на лице место, каде се наоѓа и командирот на ПС Ростуше со екипа.
Comments are closed.