ЦУК распореди цистерни со вода во Гостивар, во текот на денот пристигнуваат уште девет

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека ја координира акцијата за обезбедување и дистрибуција на вода во Гостивар, поради епидемијата што го зафати градот.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, денеска присуствувал на седницата на Главниот штаб во Општина Гостивар, каде што биле разгледани мерките за справување со состојбата. Потоа, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествувал на прес-конференција на која биле презентирани активностите за обезбедување вода за граѓаните.

Во моментов на терен се распоредени четири цистерни на следните локации:

Во текот на денот во Гостивар се очекува да пристигнат уште девет цистерни и еден камион со резервоар за вода, и тоа:

Според ЦУК, денес на располагање на граѓаните на Гостивар се ставени вкупно 100 тони вода за пиење и 78 тони техничка вода во цистерни.

Дополнително, дистрибуирани се 60.000 литри флаширана вода, обезбедена од Министерството за локална самоуправа, како и еден шлеп со флаширана вода за пиење, донација од Општина Неготино.

Од Центарот за управување со кризи најавуваат дека ќе продолжат со координација на сите активности на терен и континуирано следење на состојбата, во тесна соработка со надлежните институции, сè до нејзино целосно стабилизирање.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK