Вознемирувачко видео: Деца од Сарај се тепаат со боксови и клоци пред училиште, други гледаа и снимаа

Вознемирувачко видео објавено на социјалните мрежи покажува како група ученици од централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај се тепаат во училишниот двор, додека дел од присутните само гледаат или снимаат со мобилни телефони.

Снимката, објавена на профилот на „Глас.мк“, прикажува како неколку ученици физички се пресметуваат, додека околу нив стојат други деца, без да интервенираат. Во моментот не е познато кога точно е снимено видеото, ниту дали училиштето или надлежните институции презеле мерки по инцидентот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK