Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

Пронајдено е попладнево, во близина на охридското село Трпејца, телото на удавениот нуркач кој претходно денеска исчезна во водите на Охридското Езеро.

Според очевидци, тој бил облечено во нуркачко одело и имал целосна опрема за нуркање.

Инаку, од МВР претходно информираа дека 52-годишен државјанин на Бугарија исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри, над селото Трпејца.

Инцидентот се случил денеска околу 13:15 часот, а за негово пронаоѓање беа ангажирани тимови од Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот Амфора“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, попладнево го потврди инцидентот и соопшти дека телото е извлечено од голема длабочина.

Причините за несреќата засега не се познати.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK