Две лица од Дебар се приведени поради пукање на семејни веселби
Две лица од Дебар се лишени од слобода поради пукање на семејни веселби.
-На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица Дебар го лишиле од слобода Ф.П.(28) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека со пиштол пукал на семејна веселба, информира МВР, додавајќи:
-Исто така, на 03.08.2025 во 22:45 часот во ОВР Дебар е приведен Б.Ч.(31) од Дебар кој претходно, на семејна веселба во Дебар пукал од сигнален пиштол што го поседувал без соодветна потврда.
Пиштолите се одземени и по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Comments are closed.