(ВИДЕО) Голем пожар во Визбегово – се евакуира населението

Голем пожар избувна денеска во скопската населба Визбегово. Пожарот зафатил отпад на приватна фирма, а поради сериозноста на ситуацијата, во тек е евакуација на населението од околните подрачја.

На терен веќе се противпожарни екипи, а како засилување, кон Визбегово се упатува и хеликоптерот кој претходно гасеше пожар во реонот на Дојран.

ZBOR.COM.MK