Жена нападната од мечка среде бел ден, однесена во болница
Жена била нападната од мечка на шумскиот пат кај местото „Голем рид“ во тетовско Синичане, на 1 јули кон 16.30 часот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Вчера, околу 18 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив била донесена Е.Х.(41) од с.Синичане“, се вели во полицискиот билтен.