Скопјанец загина буквално под прозорец на сопствениот стан, со мотор го прегазиле на пешачка зона

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“.

Според очевидци, скопјанецот бил прегазен од мотор кој бегал од полицијата, а стравичната несреќа се случила под прозорецот на станот во зградата во која живеел.

Негов познаник објави статус на Фејсбук во која пишува: „ Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот“.

ZBOR.COM.MK