Полицијата вчера фати камиони на Комуналец како фрлаат ѓубре на дива депонија во Кичево
Полицијата од Кичево вчера затекна како комунални возила на ЈП „Комуналец“ вршеле незаконски истовар на отпад на дивата депонија во градот. Две години граѓаните на Кичево протестираат против оваа депонија која се наоѓа во урбаниот дел на градот. На распит во полицијата бил повикан и директорот на ЈП „Комуналец“ Кичево Зендел Јонузи.
Во полицијата на распит, освен директорот, повикани се и 10 други лица заради индиции за нелегална работа на јавното претпријатие. Јонузи е 10 години директор на ова ЈП, член на ДУИ и близок соработник на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари.
МВР на лице место повикале и инспектори за заштита на животната средина, кои изготвиле записник за нелегалниот истовар на отпад. Дивата депонија во Кичево зафаќа околу 9 илјади м2, лоцирана е меѓу населбите Иванидол и Центар-2, каде дневно се одлагаат околу 20 тони отпад.
Жителите на Кичево пет години чекаат да се реши овој горлив проблем кој претставува и здравствен ризик од разни видови на загадувачи кои се одлагаат на депонијата.
Отпадот се фрла и во халите на поранешниот керамички комбинат „Вранештица“. Депонија во повеќе наврати се замозапалува или некој ја пали, што предизвикува големо загадување на воздухот во Кичево.
Граѓаните тврдат дека на оваа дива депонија се носи и отпадот од околните населени места