Ужас во Скопје: Маж ја убил сопругата, уапсен на граница при обид за бегство
Во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Полициски службеници од РЦГР Север денеска околу 17 часот го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје на граничниот премин Табановце.
Тој е уапсен под сомнение за сторено кривично дело “убиство”.
-Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Н.А. се дал во бегство, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода, информира МВР.
Во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.