Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково

Воз удри во автомобил попладнево на железничкиот премин кај Зелениково.

Екипа на Итната медицинска помош – Скопје е на лице место, потврди за МИА, шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов.

Според првичните информации повредено е едно лице.

Засега нема детали за сообраќајната несреќа и под кои околности дошло до судирот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK