Македонец почина во САД: Се собираат средства за пренос и погреб на Ристе во Македонија
Се организира хуманитарна акција за собирање средства со цел да се покријат трошоците за пренос и погреб на Ристе (Рики), кој трагично го загуби животот во Тексас. Неговата сопруга, која е од Колумбија, остана сама во Чикаго со нивното едногодишно бебе и нема финансиски можности да ги покрие процедурите.
Пријателите на семејството упатуваат апел до хуманите луѓе да помогнат со донации, со цел Ристе да биде достојно погребан. Секоја помош, без разлика на износот, е значајна во оваа тешка ситуација.
Оние кои не се во можност да донираат, можат да помогнат со споделување на апелот за да стигне до што повеќе луѓе.
На социјалните мрежи се споделува линк на кој може да се донира.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.