Најави за бојкот на маркетите и во Македонија поради високите цени – „Во петок да не се купува ништо од големите маркети“
Пораки за бојкот на маркетите во Македонија поради високите цени на производите осамнаа на социјалните мрежи, по примерот на Хрватска и Црна Гора.
Трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи.
Македонскиот инфлуенсер Божидар Божиновски, на неговиот профил на Фејсбук објави повик во петок на 31. јануари граѓаните во Македонија да ги бојкотираат големите маркети поради скапотијата.
-Подобро би било да се избегнуваат големи ланци и оние кои ги диктираат (договараат) цените, место тоа да се купува во семејни и мали, маалски продавници на подолг рок. Ланците немаат да пропаднат од еден ден, а на малите им менува многу, цели семејства живеат од една продавница.
Според фотографии којишто се шират на мрежите, граѓаните се повикуваат да не пазарат в петок, на 31 јануари, за да биде гласно испратена пораката дека покачувањата на цените се нерелани.
Ајде сега да направиме конечно една работа САМИ❗️
Нема политика нема ПР 👉 има НАШ џеб – наше ПРАВО❗️#ОдНасЗависи 🇲🇰
РТ 🔄 pic.twitter.com/awoyZrUSFd— Мaрга (@MKDProLet) January 28, 2025
Бојкотот на маркетите почна минатата недела во Хрватска, по што се прошири и кон Црна Гора и Босна и Херцеговина
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.