ВЕЛЕШКИТЕ ГЕМИЏИИ и покрај правилата на ИХФ, го ВЕЕЈА ЗНАМЕТО ОД КУТЛЕШ во Вараждин

Како и пред секое големо натпреварување, така и сега, беа потенцирани правилниците на ИХФ и ЕХФ кои велат дека навивачите треба да навиваат само со официјалните знамиња на земјите, особено да не носат реквизити со симболи кои се политички спорни.

На ниту едно првенство досега не се случило организаторот да го забрани сонцето од Кутлеш. Имало поединечни случаи кога некои вратари строго ќе ги почитуваат правилата, па ќе одземат по неколку реквизити, но тоа секогаш било минимален дел од она што ќе се внесе во салата.

Така беше и вчера, во Вараждин се вееше знамето со сонцето од Кутлеш, на трибините дури беше извадено и едно огромно 20 метарско знаме со тој симбол.

Тоа го направи навивачката група ГЕМИЏИИ од Велес.

Знамето со сонцето од Кутлеш забрането во Хрватска: Важна информација за македонските навивачи - Сите вести на едно место

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.