Ѓоковиќ го победи Алкараз и стаса до своето прво олимписко злато

По освоениот бронзен медал во Пекинг во 2008 година, ова олимписко злато е единственото достигнување кое му недостигаше во неговата кариера, во која зад себе има 24 титули на Грен Слем турнири

Новак Ѓоковиќ го освои златото во машка поединечна конкуренција на Олимписките игри во Париз. Во финалето го победи Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Тоа е прв златен медал во кариерата на 37-годишниот српски тенисер. Со овој триум тој го оствари т.н Голден слем во кариерата, односно ги освои сите четири Грен слем и олимпиското злато. Досега во историјата на тенисот во тоа успеале само Штефи Граф, Андре Агаси, Рафаел Надал и Серена Вилијамс.

Двајцата во моментот најдобри тенисери на планетата одиграа фантастичен меч и изедначен меч во кој за финалниот исход одлучија нијанси а натпреварот беше решен во тај-брејкови.

Ѓоковиќ освои бронзен медал во Пекинг во 2008 година а ова олимписко злато е единственото достигнување кое му недостигаше во неговата кариера, во која зад себе има 24 титули на Грен Слем турнири.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.