МНР не наседнува на провокациите, Косово доби дипломатски одговор
Во врска со инцидентот на скопскиот аеродром каде вработен во турската државна компанија ТАВ не дозволил косовската претседателка Вјоса Османи да мине без да и биде проверен телефонот и чантата, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на Косово му порача дека жали за инцидентот притоа меѓу редови оставајќи можност дека за инцидентот виновно е обезбедувањето на косовската претседателка и дел од обезбедувањето на спикерот Африм Гаши кое сакало да се одмазди на вработените во ТАВ.
Република Македонија и Република Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области. Во наведениот контекст изразувуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на вчерашниот ден, при патувањето на претседателката на Република Косово Н.Е. Вјоса Османи на меѓународниот Аеродром во Скопје. Напоменуваме дека од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија во врска со вчерашниот настан веќе се побарани информации од сите надлежни институции. Откако ќе биде направена соодветна анализа на прибраните податоци во непосредна соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки, а со основна цел во иднина да се избегнат вакви или слични појави и ситуации, пишува во реакцијата на Муцунски за случајот кој беше предизвикан од страна на Косово.
Предходно Косово побара извинување од Муцунски и претсеателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.
Доколку Косово по дипломатската реакција на Муцунски продолжи да прави случај од инцидентот во приватната турска компанија ТАВ на денот на најголемиот македонски национален празник тогаш не е исклучено дека целта на официјална Приштина не е расчистување на случајот туку свесно креирање на тензии со Македонија, коментираат западни дипломати за expres.mk.
Според МВР, додека косовската претседателка поминувала на гранична контрола на Меѓународниот аеродром „Скопје“, во моментот кога од неа било побарано да го остави телефонот за да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнало вработеното лице од ТАВ, за таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Иако вработениот бил оттргнат, сепак багажот бил вратен и поминал на скенер.
Од компанијата ТАВ Македонија известија дека одделот за обезбедување, постапувајќи во рамките на своите овластувања спровел стандардна безбедносна проверка на косовската претседателка Вјоса Османи, како и на нејзиниот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет.
Вчера пратеникот Беким Сали од коалицијата Вреди за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на аеродромот во Скопје рече дека оваа крајно вознемирувачкиа случка е продолжување на проектот за радикализација на ДУИ.