Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата
Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика што го најави ВМРО-ДПМНЕ, за да се спречи зголемување на цената на струјата.
Пратениците на СДСМ претходно најавија дека ќе го поддржат законот, посочувајќи дека тој е продолжение на добрите политики на минатата влада.
Од Левица реагираа за овој Закон, но на крајот немаше гласови против.
Претседателот на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и еден од предлагачите на законското решение, посочи дека измените се многу суштински, но се прилично едноставни, поради што законот е поднесен по скратена постапка.