Христијан Мицкоски е нов премиер, Македонија ја доби 20. Влада
Мнозинството на пратеници во Собрание дадоа зелено светло за предлог Владата предводена од Христијан Мицкоски. По вечерашното гласање, тој е нов премиер на Македонија
Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на земјата.
Новата влада беше избрана со 77 за, 22 против, воздржани нема.
По изборниот резултат на 8 мај, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ги избра коалицијата ВЛЕН и Движењето ЗНАМ за владини партнери.
Новата влада ќе има 4 министерства повеќе од сегашната. Владата на „Мицкоски“ ќе има 5 вицепремиери, од кои еден прв вицепремиер. ВМРО-ДПМНЕ ќе води со 15 ресори, 6 министерства се на ВЛЕН и 2 на ЗНАМ.
Министрите на ВМРО ДПМНЕ
Владо Мисајловски, министер за одбрана
Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Александар Николовски, министер за транспорт – вицепремиер
Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците – вицепремиер
Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии
Сања Божиновска, министер за енергетика
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
Весна Јаневска, министер за образование и наука