Мицкоски: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам фуриозен почеток на инвестиции и реформи
Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во експозето како мандатар за новата влада на денешната собраниска седница.
Економско заживување, зголемување на пензиите и платите, инвестиции во образованието, здравството и културата, борба против корупцијата, одговорност за секој криминал и реформи усогласени со европските стандарди, најави мандатарот и премиер на новата влада Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
На денешната собраниска седница на која се бира идната влада, Мицкоски веќе за во вторник најави инвестиција од 400 милиони евра, а потоа и намалување на даноците и зголемување на пензиите.
Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните. секој од вас направи се за својата татковина, сега е време таа да прави за вас. Според сознанијата што ги имаме, ситуацијата во повеќе области е рамна на клиничка смрт, институциите се доведени до колапс. Одлучно ќе одговориме и за се јавноста ќе биде известена. Нема да барам 100 дена меден месец, туку најавувам инвестиции веднаш, веќе во вторник инвестиција повеке од 400 милиони евра, потоа намалување на даноците и зголемување на пензиите, рече Мицкоски.
Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во експозето како мандатар за новата влада на денешната собраниска седница.
Мицкоски додаде дека ова не го говори како изговор туку дека одлучно ќе се одговори, затоа што оваа генерација нема опција за неуспех и заедно ќе мора да направиме големи чекори напред.
– И затоа нема да барам никакви 100 дена меден месец, туку најавувам фуриозен почеток на проекти и нови инвестиции веднаш. Впрочем немавме ниту една секунда изминатиов период. Веќе во вторник најавувам нова инвестиција над 400 милиони евра, потоа ќе ги намалиме даноците, покачиме пензиите, ќе обезбедиме пари за капитални проекти. Доста времето се трошеше на измислени теми, и етнички прашања, време е да се засукаат ракавите решат проблемите и ова да биде влада на економија и развој. Тоа го сакаат сите, истакна Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека носечка цел е да се обнови довербата во институциите на државна власт, да се елиминира корупцијата и да се обезбеди владеење на правото.
Собраниската седница ја следат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на диломатскиот кор.
Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници.
Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.