Поранешниот организациски директор на Гастроентерохепатологија Сафет Зендељи пола година зема директорка плата, а нема мандат
До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат информации дека на Клиниката за гастроентерохепатологија, сега веќе екс организацискиот директор Сафет Зендељи, иако немал продолжен мандат за в.д. директор, сепак, доаѓал на работа и редовно за тоа земал плата половина година.
Од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ прашуваат:
Дали се точни информациите и дали овој сега веќе екс директор половина година земал плата како директор, иако според информациите воопшто не му бил продолжен мандатот?
Дали Зендељи ќе ги врати овие средства во буџетот на Клиниката доколку се точни овие информации?
Дали надлежните институции ќе ги проверат овие информации и постапат согласно законските прописи?
ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше за несоодветно работење на организациските директори и за таа цел се обрзавме пред граѓаните на нивно укинување за да ставиме крај на дуализмот. Истовремено, овие средства ќе останат повторно во клиниките за потребите на пациентите, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.