Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото, соопштија денеска организаторите на турнирот.
Тој се огласи на Инстаграм по повлекувањето.
„Навистина сум тажен што можам да соопштам дека се повлекувам од Ролан Гарос. Играв со срце, дадов се од себе на вчерашниот натпревар, но за жал – поради медијално кинење на менискусот на десното колено, јас и мојот тим донесовме тешка одлука, по внимателно размислување и консултација.
Им посакувам многу среќа на сите играчи кои се натпреваруваат оваа недела и искрено им благодарам на прекрасните навивачи за нивната љубов и континуирана поддршка. Ќе се видиме наскоро”.
Српскиот тенисер вчера во осминафиналето го совлада Аргентинецот Франциско Серудола со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3.
На тој натпревар Ѓоковиќ почувствува болка во пределот на десното колено.