Ќосето: Излезете масовно на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ ОД ХАОСОТ ЌЕ СОЗДАДЕ РЕД, ПРАВДА МОРА ДА ИМА, но без монтирани случаи да не бидеме како нив

Мислевте ќе ме уплашите, ќе ме скршите, нема да можете никогаш, барем вие шо ме познавате најубаво треба да им кажете кој сум, нешто добро да кажете, а не кој што кога, каде Горан дежурен кривец, пишува Горан Ангелов Ќосето.

Тој потсетува дека бил негативец или не, спремен е секогаш да се жртвува за Македонија и додава дека лежи за Македонија како и тоа дека народот ја цени неговата храбртост која не е лажна.

– Спремете се добро за на 8- ми мај за финалната битка која МОРА ДА ЈА ДОБИЕМЕ  и ќе створиме од хаосот- ред, тогаш ќе можеме да излеземе со ЧИСТ ОБРАЗ пред сите други, дури и на тие шо гласале против ќе им биде мило, верувајте. Правда мора да има и ќе има за сите, исткнува Ангелов Ќосето

Верувам во вас од ВМРО -ДПМНЕ дека сте способни се што имате во програмите да спроведете без сомнение. Верувам во оваа генерација млади кој со својот труд и знаење се изборија засекогаш во срцето на партијата,сите ама баш сите до еден. Единстен кој може државава да ја обнови е ВМРО-ДПМНЕ, нагласува тој.

Јас познавајќи ги добро  и верувајќи им  потполно знаејќи дека оваа генерација на партијата ќе ја среди државата  пошто сите се одговорни ама баш до еден,некој помалку некој повеќе ама сепак РАБОТЛИВИ, ОДГОВОРНИ И ЧЕСНИ !

За кратко време градоначалниците покажаа завидни резултати, не сега дека Марко Колев ми е сограѓанин ама е прв.  Исто и другите  беа на терен нон-стоп меѓу народот го послушаа ги завршија работите чесно и одговорно и народот не е глуп „другари и другарки“ многу добро знае кого да НАГРАДИ и кого ДА КАЗНИ!

Оваа генерација на политичари на ВМРО-ДПМНЕ  ќе биде запаметена како најдобра во постоењето на партијата. Верувајте ми нема да погрешите.

Јас им верувам!

Затоа сите излезете на 8 мај масовно да ја  добиеме финалната борба и да створиме ред од хаосот кој ни го створија и секој кој се огрешил да биде пред лицето на правдата, но без освета без монтирани случаи за да не бидеме исти како нив, туку секому според заслугите!

Излезете сите на гласање колку можеме помасовно и повеќе од првиот круг  за да им ја убиме желбата за власт наредни 20 години со чинот на гласање ќе  ја добиваме нашата битката и победа. Јас верувам во ова и во вас и вие верувајте си себеси најпрвин ова е реалност! Народот е мудар и ќе каже кој бил во право, јас или вие што не затворивте.

Да живее Македонија!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ.

Фотографијава добро ја помнат сите свесни луѓе,и тоа е најмалиот грев…замислете им го најголемиот грев), пишува Горан Ангелов Ќосето.