Мицкоски: Ова е победа на народот, цунамито се крена и им виси на глава – на 8 мај ќе ги потопи целосно
Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија. И дека секој оној кој што го потценува народот, ја потценува Македонија и прави голема грешка. Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Многу работи зборувавме дека ќе се случат, не ни веруваа, не потценуваа. Мислеа дека со деца мали си имаат работа. Најлошо е кога човек ќе го потцениш. Но, ние благодарение на народот, народот на Македонија покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време. Ветував многу работи, и сите работи се случија. Не напаѓаа, не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да не делат, се обидуваа да ја делат Македонија, се обидуваа да го делат народот, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ да не напаѓа, но ние издржавме затоа што верувавме и затоа што вие бевте со нас. Ви благодарам од срце народе на Македонија! Ветував дека ќе се случи народ и денес се случи народ. Победа, победа голема е ова за македонскиот народ, за граѓаните во Македонија, порача тој.
Мицкоски истакна: „Народ се излеа и пораката е јасна и единствена, Македонија не сее плаши, Македонија се враќа на народот. Целиот народ ние заедно со вас наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ кои се причина за целото страдање, сиромаштија и криминал во Македонија“.
-Македонија е на нозе, нашата сила сте вие народот, граѓаните на Македонија. Македонија денес покажа дека е посилна од криминалот и корупцијата и дека народот е определен. Американскиот претседател Реган кажал: „И покрај сите наши разлики и несогласувања оваа е чесна скромна и голема земја, ѕвоната сепак ѕвонат за татковината“. Драги пријатели, браќа и сестри, резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни. Имаме историска и огромна победа на многу избирачки места и бројките покажуваат дека оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта. Ова е победа на народот. Цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства, сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминативе денови. Ова е револуција, револуција на народот на Македонија, но, работата не е завршена, а власта не е ни малку наивна, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски вели дека првиот круг од изборите е жолтиот картон, а тој свети. Конечниот, рече, црвениот мора да следи на 8 мај каде потребен е убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт.
-Вечерва има простор за задоволство и славење, но морам да го споделам со вас и чувството на грижа поради лошите состојби во Македонија и тоа чувство за мене, а и за сите вас со мене, тука е одговорност спрема народот. Свесен сум и треба секој еден што е со мене да испорача брзи резултати, на народот му требаат брзи резултати и не чека работа, многу работа, мерки проекти, многу промени за да се избориме за подобар живот. Мораме да ја промениме сликата за реалноста, денес секој еден глас кој беше даден со голема надеж и силна верба за менување на работите. Свесен сум дека многумина од вас не се до крај уверени, но сепак ни дадоа поддршка затоа што состојбите се претешки а ние сме единствената надеж и шанса која и свесен сум и затоа мораме да ја оправдаме. Благодарност за секој еден глас, Македонија постои и е голема поради вас народот кој во клучните времиња се одважува и носи исправна одлука но ќе ги споменам и оние кои не гласаа и се уште се двоумат подавам рака кон сите и ја барам вашата поддршка. Заедно ќе сме посилни и заедно ќе направиме многу повеќе. Воедно и оние кои излегоа и гласаа за власта сакам да знаете дека нема да има освета кон било кој. Тоа никогаш не била моја цел ниту ќе водам таква политика. Ги почитувам вашите уверувања и повеќе никој не смее да ве плаши. Единствено треба да се плашат тие што се огрешиле кон законите, а со тоа се огрешиле и кон народот е тие ќе одговараат, истакна Мицкоски.
Им порача дека ќе одговараат до последниот.
-Драги пријатели, браќа и сестри. Ве молам да го поздравиме идниот претседател, идната претседателка на Македонија, да и посакаме успешен мандат затоа што тоа ќе се случи, жалам што не веруваа во нас, жалам што многумина денес ќе има разочарани. Среќен сум што народот на Македонија веруваше во нас, народе на Македонија ви благодарам. Голема благодарност до оваа дама до мене професорката Гордана Силјановска Давкова. Ја напаѓаа, ја навредуваа, но таа издржа и храбро се бореше. Докажа дека верува и е горда и ќе ја направи Македонија повторно горда. Професорке заедно ќе успееме! Овие гласови се одговорност но и револт кон Пендаровски, истакна Мицкоски.
Тој откри дека се слушнал со албанската опозиција и дека на Арбен Таравари му честитал на резултатот и му посакал успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија.
-Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети најквалитетните Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме. Во вториот круг да не дозволиме ДУИ да успее во намерите да направи нешто кое што никој од нас не го сака, а тоа е, направи добар резултат. Затоа, ве повикувам излезете и заедно, сите ние да гласаме за Македонија да биде повторно горда и да биде Македонија повторно твоја, да биде Македонија повторно ваша. Покажете им на сите дека Македонија живее, дека Македонија е идеја во која веруваме и која ќе опстане и успее. Пред една недела повикав на национално единство, но после денешниот ден и со оглед на одговорноста која ја имаме и предизвиците пред кои застануваме, јас повикувам на целосно народно и се државно обединување против оваа власт. Ги повикувам сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите останати. Ги повикувам христијаните, муслиманите, политички определените и неопределените, академиците, професорите, докторите, новинарите, уметниците и спортистите, подавам рака и ги повикувам патриотските здруженија, дијаспората, синдикатите, земјоделците, вработените и невработените, пензионерите, младите во Македонија, студентите, стопанските комори, секој еден човек, дојдете да се сплотиме и обединиме. Ве повикувам, овде имаме работа поважна од секоја партија, поединечниот став или интерес за Македонија се работи, сега е моментот, ова е тоа време да се обединиме под едно знаме и под една цел. Македонија ќе биде повторно твоја, наша заедничка единствена, посочи Мицкоски.
Тој во говорот истакна:
„Покажавте дека има надеж и дека тоа сме сите ние. Нашиот момент е сега, ова е нашето време. Да се обединиме во заедничката цел. Да го направиме овој мандат и да ја направиме оваа деценија од нашата историја нешто кое ќе се памети со генерации, ајде да ја промениме реалноста да го промениме секојдневието, да го промениме светот во кој живееме на подобро, да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас во сите нас заедно, да бидеме пример на сите идни генерации. Државата е твоја е време е да си ја вратиш во твои раце.
Македонија повторно твоја, промените во твои раце.
На крај вечерва славиме, утре продолжуваме, утре се гледаме Охрид, Вевчани, Струга, Кичево, одиме од врата на врата, од дом во дом, продолжуваме до конечна победа“.