„Долу знамињата бре, не пред камерите“ наредува Груби на митингот на ДУИ без ниедно македонско знаме
Долу знамињата, долу! Tргнете се, бре. На десно, пред камерите ниедно знаме!, викаше Артан Груби на албански и на македонски јазик, на митингот на ДУИ во Скопје, објави ТВ 21 на својата страна на Фејсбук.
Од однесувањето на Груби не може да се открие дали тој сакаше да сокрие дека на митингот не се вееше и државното знаме, а се вееја знамиња на други држави, на САД, на Турција и на други земји или можеби сакаше да се тргнат знамињата од пред камерите за да ги „фатат“ функционерите на ДУИ и на коалициските партнери?
Артан Груби: Симнете ги знамињата ало, како се вика бе на турски, спушти го знамето pic.twitter.com/WTVL5giyLi
— TV21 (@TV21HD) April 21, 2024