Мицкоски до Ковачевски: Со вас Македонија нема европска иднина, со Артан и Али заглавивте во калта на вашите ситни интереси и среброљубие
Му порача дека во ЕУ не примаат криминалци како нивните сијамски близнаци од ДУИ, и дека такви само во затвор може да примат.
ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа митинг и во Берово, каде пред присутните се обрати и претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој му одговори на Димитар Ковачевски кој во јавните настапи вели дека нема откажување од иднината и од патот кон Европската Унија.
Мицкоски јавно го праша Ковачевски за која Европска Унија зборува, дали тие се за ЕУ со тоа што Македонија ја направија најсиромашна држава во Европа и земја со највисока инфлација, посочувајќи му дека ниеден македонски граѓанин не им верува дека можат државата да ја внесат во унијата.
„Кое ЕУ господине Ковачевски? Вие ли сте ЕУ кои ја направивте Македонија најсиромашна во Европа државава и со највисока инфлација. Албанија спрема вселенска програма, вие со Али и Артан не заглавивте во калта составена од вашите ситни интереси и сребролјубие… каква Европска Унија? Па никој жив не верува дека вие може во ЕУ да не внесете“, рече Мицкоски.
Му порача дека во ЕУ не примаат криминалци како нивните сијамски близнаци од ДУИ, и дека такви само во затвор може да примат.
„Во ЕУ не примаат луѓе кои земаат провизии од 50 милиони евра на тендери, кои со црните пари купуваат цели трговски центри, кои делат шамари на синдикалци во контрола на летање, кои од се прават бизнис за личен ќар. Вие не сте ЕУ. ЕУ се вредности пред се. ЕУ е систем на правда и напредок“, истакна Мицкоски.
Вие, додаде Мицкоски, сте пудлици во скутот на ДУИ кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и ќе одговарате за тоа, затоа што ја продадовте државата, а продавате нешто што не е ваше, што сте го наследиле од минатите генерации и сте го позајмиле од идните.
„Вие го раскрчмувате како да е ваша лична сопственост. Се однесувате со државата како со душман. Проценти од тендери делите како смоки на детски роденден. И вие за ЕУ ќе зборите. Одете скријте се некаде. Прочитани сте. Со вас ЕУ нема. ЕУ има со луѓе кои ке работат чесно и одговорно и ќе се залагаат за реформи и европско вредности. Еу има со нас и со идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова. Со луѓе кои ќе ги штитат националните интереси и нема да дозволат Македонија да зависи од артановци, туку ќе се борат за правда, за ред, за систем и за подобар живот за сите граѓани“, порача Мицкоски.
Рече дека нивното време е одброено, дека поразот ќе им биде голем и дека со овие избори Македонија мора да се ослободи од ова СДСМ и од ДУИ, затоа се важни граѓаните и народот на Македонија и затоа многу е важно да има голема излезеност.