ТРАДИЦИОНАЛНО: ВМРО-ДПМНЕ ја започна кампањата за парламентарните избори од Охрид, присутни илјадници граѓани
Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори.
Најавени се обраќања на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, како и на претседателот на партијата и носител на листа во првата изборна единица Христијан Мицкоски.
На митингот ќе се обрати и Ѓорѓија Сајкоски, носител на листа во ИЕ 5, но и кандидатите за пратеници Сашо Донев, Лидија Петкоска, Грација Бакрачевска.