Полицијата во Флорида затекна ужасна глетка кога ги пронајде мртви телата на три млади лица. Биле блиски пријатели, а последните моменти од животот им биле хорор.
Прво биле ѕверски претепани, а потоа и застрелани во близина на езеро додека рибареле.
„Најдовме ужасна сцена“, изјави шерифот Грејди Џад пред новинарите, додавајќи дека видел многу убиства, но тоа е едно од најстрашните во неговата кариера, објави Фокс Њуз.
Телата на тројца пријатели, 20-годишниот Демион Тилман, 28-годишниот Брендон Ролинс и 30-годишниот Кивин Спрингфилд, како што рече шерифот, биле масакрирани.