АКО САМ НЕ СИ ОДИ, КРАЈНО ВРЕМЕ Е МИНИСТЕРОТ ДА ГО РАЗРЕШИ ДРАГАН КРАЈОВСКИ

Неважниот, споредниот и безгласен претседател на СДС во Битола, Драган Крајовски и натаму молчи, почитувани граѓани.
Ако за непостоечки работи поднесуваат кривични тогаш каде е одговорноста на Крајовски или партиската полиција не ги гони своите ?
Зошто, сеуште, Драган Крајовски, не го покажа документот за извршениот технички прием по реновирањето на Затворот?
Дали е вистина, дека пожарот во јули е резултат на лошо изведени работи и дали со тоа доведени се во опасност и вработените и затворениците?
Дали е вистина, дека пожарот во јули е резултат на лошо изведени работи и дали со тоа доведени се во опасност и вработените и затворениците?
Дали, по ваша вина, господине Крајовски, институцијата е оштетена со износ поголем од 50 илјади евра, пари кои им ги должите на вработените по добиените судски спорови?
Дали е точно дека како претседател на СДС во Битола, постојано се обидувате директорската фотелја од Затворот да ја смените во други две јавни државни претпријатија?
Дали е точно, дека првиот обид, ви пропадна минатата година, заради нечии финансиски интереси внатре во вашата партија?
Граѓаните, исто така, прашуваат дали не сметате дека покрај законската одговорност, со која се соочувате, не сметате дека треба евентуално на крајот, заради морална одговорност, да си поднесете оставка од двете позиции?
На крајот, граѓаните и со прашање до Министерот за правда – до кога сите овие појави ќе ги толерира и кога конечно ќе го разреши Драган Крајовски, од директор на Затворот?
Ангела Здравковска
Портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола