Атлетска трка „ВЕЛЕС ТРЧА ЗА РАЦИН 2023“
На патеката во Градскиот парк и Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес, денеска се одржува Атлетската трка „ВЕЛЕС ТРЧА 2023“ на 5 и 10 километри за возрасни и детската трка на 100, 200, 300 и 400 метри.
Организатор е Атлетскиот рекреативен клуб АРК „Борец“ со подршка на Општина Велес. На трката се пријавени атлетичари од атлетските клубови и голем број рекреативци од повеќе градови во земјава.
Инаку по пауза од три години повторно се организира оваа атлетска трка, во рамките на програмата за 9-ти Ноември Денот на ослободување на Велес и Ден на Општина Велес.
Организаторите за најдобрите обезбедија вредни награди.
Од Општина Велес ги информираат граѓаните дека поради одржување на атлетска трка “ВЕЛЕС ТРЧА 2023“, а со цел успешна реализација на настанот Градскиот парк денеска од 6 до 15 часот ќе биде затворен за сообраќај на моторни возила, освен за возилата на итна медицинска помош, МВР и возилата на ТППЕ.
Општина Велес веќе неколку години успешно ја организира и Атлетската трка „Трчаме за Рацин“.