Мицкоски на средба со ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Надвор од здрав разум е докажани криминалци да се ослободат, законот ќе се блокира, ако стават европско знаменце пратениците ја напуштаат работата на собранието
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оставил средба со пратеничката група во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, со посебен акцент на Законот за амнестија предложен од владата на СДСМ и ДУИ, соопштија од партијата.
Според Мицкоски не прифатливо е докажани криминалци вклучително и оние од случајот Монструм да бидат помилувани или ослободени, додавајќи дека обидите на власта за да ги ослободи докажаните криминалци всушност е надвор од здрав разум.
Мицкоски посочил дека со овој закон владата на СДСМ и ДУИ сака да ги ослободи криминалците, бидејќи се надева дека тие ќе им помогнат во криминални сценарија за изборната кампања за парламентарните и претседателските избори.
Во однос на начинот на носење на Законот за амнестија, кој е пуштен по скратена постапка Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата донесе одлука да се блокира законот. Но, доколку биде злоупотребено европското знаменце, пратениците ќе ја напуштат работата на собранието.