Врвот на власта е вмешан во крадење на цитостатици на Онкологија
Молкот на институциите објаснува се, Димитар Ковачевски е на врвот од пирамидата на печалење на болните од рак, велат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Во соопштението испратено до медиумите од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека институциите со денови молчат, крадени се цитостатици во организирам облик со години, направен е долг од 20 милиони евра на Клиниката за Онкологија, има сведоштва од жртви и членови на семејствата на жртвите, а ЈО ништо не презема.
На целосно јасен случај, со сведоштва и оштетени, ниту едно лице не е во притвор, а случајот се развлекува. Сосема јасно е дека врвот на власта е вмешан, зошто во спротива би молчеле институциите?
Одговорност за случајот „Онкологија“ мора да има и ќе има, без разлика колку и сега власта да опструира, по промената на власта сите кои печалеле на сметка на животите на граѓаните ќе треба да одговараат, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.