Елмас: Теренот беше многу лош, недозволиво е да се игра вака во Европа

Елиф Елмас одигра уште еден брилијантен натпревар во дресот на македонската репрезентација. Неговиот обид во 75.минута, кога топката за малку заврши крај голот, беше најава за голот на Барди со кој Македонија одигра 1:1 против Италија.

Елмас пред мечот имаше емотивна средба со поранешниот тренер Лучано Спалети, кој дебитираше како селектор на Италија.

Секогаш е тешко кога играш против европски првак. Игравме дисциплинирано и во првото и во второто полувреме. Тактички игравме дисциплинирано. Кога го примивме голот моравме да ја смениме концепцијата, видовте дека тогаш излеговме високо, игравме човек на човек. Тогаш се смени текот на играта. Теренот беше многу лош. Во вакви услови е недозволиво да се игра во Европа“, рече играчот на Наполи по мечот.