Денес се навршуваат 149 години од раѓањето на Костурскиот војвода Васил Чакаларов
Васил Христов Чакаларов е македонски револуционер, еден од главните војводи на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација во Костурско. Нарекуван “главниот непријател на Хеленизмот” од дејците на грчката вооружена пропаганда во Македонија, поради тоа што се јавува како нејзин главен непријател во југозападна Македонија.
Васил Чакаларов е роден во 1874 година во Костурското село Смрдеш, тогаш во Отоманската империја, денес Кристалопиги, Грција. Најпрво студирал во грчко основно училиште, а на негово инсистирање татко му го префрла да учи во бугарско училиште. Дипломирал на четвртото одделение и паралелно работи со својот татко, на печалба во Грција. Hаучил да го зборува и албанскиот јазик.
Во 1894 година за кратко е во Костурскот затвор, од кој успешно бега во Бугарија. Таму работи како чевлар, каменоделкач и зидар, а при неговиот престој во Шумен завршува Вечерна гимназија.
Во 1901 година Васил Чакаларов оди во Софија, каде станува претседател на Костурско добротворни друштво. Зема учество во легалната активност на ВМК и станува близок пријател на Борис Сарафов. Помага и револуционерната дејност на ВМОРО и заедно со Лазар Киселинчев создава канали за купување на оружје од Грција. По откритија на Иванчовата афера Васил Чекаларов е испратен од Битолскиот окружен револуционерен комитет да помогне во работата на Панде Клашев и Лазар Москов во Костурско револуционерен реон. Чакаларов го убива грчкиот шпион гркоман Цеман од село Д’мбени.
Грчкиот потполковник Михалакопулос ја опишува ситуацијта така:
” Пет-шест војници и андари се спуштивме кон паднатото тело со воинствeн повик. Тој се помести неочекувано. Најпрво се издигна со окрвавената глава, покриена со бујна убава кадрава коса и се фати за гранка од дрво да се соочи. Чакаларов навистина беше многу страшен. Но за момент, тој потрепери , падна и не мрдна веќе! (Во тоа време андарите удираат во безживотното тело на Чакаларов со нож.) Најверојатно тоа беше последнотa свест на главата и оваа опасна глава се збогува со своето тело. Капeтaн ”Х” .. со два нови удари ја отсече главата од мртвото тело.”
Отсечената глава на Васил Чакаларов е однесена од војниците во Лерин и набодена на кол и носена по улиците со повици:
” Нема Чакаларов! Нема Македонија! Го Уништија Чакаларов и заедно со него сите Чакаларовци!”
Потоа грчкиот капетан го удира со главата Илија Димушев и му наредува да ја носи на чело на процесите. Српски офицер не дозволува да продолжи и протестира пред Грците. Главата ја пренесуваат во црквата “Св Пантелејмон “, каде е погребана во гробиштата.
Дваесет и шест од четниците на Чакаларов се судени во Солун од воен суд и добиваат различни казни.