РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,8 степени ги тресеше Турција и Сирија – Загинаа над 195 луѓе

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала синоќа околу 2 часот е регистриран во Турција во близина на границата со Сирија.

Според првичните информации на светските агенции, бројот на загинати во двете земји е најмалку 138, а бројот се смета дека не е конечен.

Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека најмалку 76 лица се загинати во седум турски провинции, додека повредени се над 440.

Спасувачките екипи и граѓани волонтери без престан трагаат по преживеани под рушевините во повеќе градови.

Во еден турски град, десетна луѓе се обидуваат да поместат големо парче бетон и метал за да спасат луѓе кои се под нив.

Сведок: Прозорците ни експлодираа пред очи:

„Многу е студено и врне снег во моментов. Сите се на улица, луѓето се збунети што да прават. Пред нашите очи, прозорците на зградата експлодираа поради последователните потреси“, рече еден од сведоците во интервју за турскиот Би-Би-Си. Таа и нејзиниот брат спиеле на каучот кога се случил земјотресот.

    „Се разбудивме и прашавме: Дали го чувствуваш ова? Погледнав во светилката, изгледаше дека ќе се урне врз нас. Штом го внесовме мојот тригодишен внук, истрчавме надвор“, додала таа. Нејзината зграда е оштетена, рече таа. Но, пет згради во близина, се урнаа.

Таа додаде дека сообраќајот во градот е пренатрупан бидејќи луѓето очајни се обидуваат да избегаат од зградите поради страв од последователни потреси.

Сведок: Чекаме да изгрее сонцето за да видиме колкав е земјотресот

Жителите на градот Пазарџик рекоа дека стравуваат за затрупаните под урнатите згради. Сведокот рече дека силните потреси од земјотресот го разбудиле неговото семејство.

Нашата куќа изгледа цврсто однадвор, но внатре има пукнатини. Околу мене има уништени згради, има згради кои пукаат. Зградата се урна на само 200 метри од местото каде што сум сега. Фала богу, нашите пријатели се безбедни, но слушнавме дека има луѓе кои не можат да излезат од своите домови и има луѓе до кои не можеме да дојдеме. Чекаме да изгрее сонцето за да го видиме обемот на земјотресот. Луѓето се сите надвор, сите внатре страв“, рече тој.

Епицентарот на земјотресот, кој се почувствувал и во Каиро, бил северно од Газиантеп во подрачјето на околу 90 километри од границата со Сирија.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи напиша дека во подрачјата погодени во земјотресот, веднаш се испратени спасувачки екипи.