На денешен ден 1951 како жртва на комунистичкиот режим, во Битола умира единствениот преживеан од Гемиџиите кој успеа да дочека старост, Павел Шатев
,,Не се револверите, пушките, бомбите или огнените машини, тие кои даваат сила во борбата, туку напротив – само идејните побуди, личниот пример, решителноста, смелоста и бестрашноста на револуционерот се оние што на крајот секоја замисла и, секоја борба ја венчава со успех – било по планини и полиња, било по села и градови.
Тоа може да се постигне само кога се има полна свест дека општото добро треба да биде пред сè и над сè наш раководител при нашето беспоштедно служење на татковината.”
3авршните зборови од книгата на Шатев ,, Во Македонија под ропство”
На денешен ден 1951 како жртва на комунистичкиот режим, во Битола умира единствениот преживеан од Гемиџиите кој успеа да дочека старост, Павел Шатев- човекот кој што цел свој живот го посветил на идеалите за создавање на македонска држава.
Шатев е еден од самооткажаните, од Гемиџите, еден од основачите на ВМРО (Обединета), На Второто заседание на АСНОМ, одржано на 30 декември 1944 година, е избран за член на Президиумот на АСНОМ, а по ослободувањето на Македонија – прв министер за правосудство.
„Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, одделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот.“
Павел Шатев.