Арсовска како претседател на ЗЕЛС нема превземено никаква иницијатива за справување со проблемот со електричната енергија
Енергетската криза откако е актуелна во Република Македонија, и неможноста на градоначалниците на oпштините во земјава да ги подмират сметките, ЗЕЛС ниту еднаш се нема состанато за да им се излезе во пресрет со справување со овој проблем.
Според член 19 од Статут на ЗЕЛС став 1 – Управниот одбор на ЗЕЛС брои 22 членови, кои се избираат од Генералното собрание со мандат во траење од 4 (четири години). Според членот 19 став 1 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска по функција е и претседател на Управниот одбор. И таа по автоматизам може да го свика Собранието и проблемот со електричната енергија да го стави на дневен ред за дискутирање и пронаоѓање на решенија со овој проблем.
Дека Данела Арсовска е автоматски член на Управниот одбор стои и во член 19 став 4 кој гласи – Градоначалникот на Град Скопје по функција е член на Управниот одбор на Здружението. Според член 21 од Статутот на ЗЕЛС, став 1, градоначалничката на Град Скопје како претседател на Управниот одбор го претставува здружението. Градоначалниците секојдневно апелираат дека им е потребна помош околу сметките за електрична енергија кои енормно пораснаа и дека се во неможност да ги плаќаат.
Но, сепак градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ниту еднаш не се одважи за да се реши ова прашање кое влијае врз буџетите на Општините низ државата. Данела Арсовска според Статутот на ЗЕЛС, член 6 став 1 треба да ги застапува и брани интересите на своите членови пред Претседателот на Републиката, Собранието на Република Македонија и Владата на Републиката, министерства и други институции во чија надлежност се работите од областа на локалната самоуправа.
Според член 6 став 2 градоначалничката на Град Скопје треба да ги штити уставните и законските права и општите потреби на единиците на локалната самоуправа. Член 6 став 6 – Таа треба да гради ставови и да обезбеди дијалог за Нацрт – буџетот на Републиката и другите акти што се однесуваат на финансирањето на единиците на локалната самоуправа. А, според член 21 став 2, Данела Арсовска ги закажува седниците на Управниот одбор на своја иницијатива или на иницијатива на најмалку 1/3 од вкупниот број членови на Управниот одбор, најмалку 7 (седум) дена пред нивното одржување.
Додека пак според истиот член, а став 4 таа ги координира активностите на органите на здружението.