Не знам зошто некои македонски политички партии го шитат Ахмети, вели Таравари
Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24 вели дека системот за жал е паднат во Македонија, дека институциите се партизирани. Тој додава дека по Шарената револуција се очекуваа промени, но се остана како што беше иако актерите се сменија.
Албанците кои се во институциите се влезени таму преку ДУИ и затоа велиме дека институциите се ДУИзирани. Не велиме дека нема и квалитетни луѓе, но мнозинството не се. Можеме да констатираме дека работите кои ние сами не можеме да си ги завршиме треба да дојде некој од надвор и да ни ги заврши, вели Таравари.
Таравари вели дека на повикот од Американската амбасада сега почнаа да реагираат и институциите кои досега не зборуваа за тоа. Тој посочува дека индексите за перцепција на корупција го покажуваат тоа дека има корупција.
Таравари вели дека ДУИ е подобар коалициски партнер за двете најголеми македонски партии оти тие знаат и да премолчат. Но, додава тој, не е добро една партија толку долго време да биде на власт.
Нема никаков епилог за различни коруптивни настани, за различни насилства и убиства извршени од членови на ДУИ, вели Таравари.