Јанушев: Не ги прифаќам Луј Вутон обвинителство и сето она што го правеле Зоран и Вице Заев
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на гостувањето на емисијата Топ тема на телевизија Телма освен што се осврна на програмата Проект Обнова, се осврна и на сето она што го има направено СДСМ, а што воопшто не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ.
Јанушев кажа дека СДСМ можеше многу да направи, и да направи, но само штетни работи како за граѓаните, така за државата.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ прецизираше што се не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, но и за граѓаните.
„Не ги прифаќам криминалот и корупцијата, Луј Вутон обвинителство, трас-трас судство и трас-трас одлуки, не го прифаќам сето она што го правеле Зоран Заев, а и брат му Вице Заев, а за што знае веќе цела јавност. Тоа што тие го правиле е целосно неприфатливо“, кажа Јанушев.
Јанушев посочи дека СДСМ има направено голема штета и на државните интереси.
„Не го прифаќаме уништувањето на државата кое го направија. Во секој момент правеле само штета на државава. СДСМ само работеа против интересите на државата. СДСМ е срам за сите граѓани“, заклучи Јанушев.