Кинескиот град Вухан од каде избувна коронавирусот се соочува со огромни поплави. Милиони луѓе во градот се загрозени после неколкудневното невреме. Во некои делови на Вухан, наврнало околу 250 литри дожд.
На многу места околу е преминато нивото на поплавита, а во Вухан интензивно се бори целиот град за да не пропадне под вода. Кинеската агенција на метерологија вели дека дождливото време наскоро ќе прекине во целата провинција на Хубеј, каде Вухан е главен град.
Овој град беше и тешко погоден од поплави во 1998-та година. Сега се возможни и слечишта кои ги уништуваат фармите, изјавуваат кинеските мерелошки агенции и предупредуваат дека невремето може да биде прв чекор кон „катастрофа“.Во Вухан од Ковид-19 починаа околу 3.900 луѓе, а целиот град беше во карантин повеќе од два месеца.