КАРИЛ е поплавен и надвор од функција
ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ – КАРИЛ од денеска е надвор од употреба. Во допис до директорите на клиниките од Кабинетот на министерот за здравство Беким Сали денеска се соопштува дека поради „технички проблеми“ на единицата за интензивно лекување итните пациенти ќе се препраќаат во останатите поголеми клинички центри низ земјата.
Ваквиот систем на работа ќе важи сè до санација на дефектот.
Според неофицијални работи, поплавени простории е причината што најголемиот ургентен центар во моментот е надвор од функција.