„Кои фирми од Струмица, блиски до Заеви се вмешани во пропаѓањето на Еуростандард банка“

„Криминалниот октопод со Штедилницата ТАТ од Битола, доби нова современа верзија со пропаѓањето на Еуростандард банка. Новиот криминален октопод во Македонија со Еуростандард банка не добива разрешница. Тоа е така бидејќи високи поранешни, но и сегашни функционери од антимакедонската СДС се вмешани во овој огромен криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека и овој случај со Еуростандард банка како тој за ТАТ се случува во време кога на власт е антимакедонската СДС, како и тогаш така и сега вмешани се високи функционери од СДС.

„Власта предводена од антимакедонската СДС јавно да објави кои струмички фирми се вмешани во овој криминал? Исто така да одговори како овие фирми, блиски до најбогатото семејство во Струмица, а и Македонија, Заеви, добивале кредити од банката без покритие и истите не ги враќале? Јавноста очекува одговор како овие фирми биле повластени со тоа што не ги враќале парите и сето ова било премолчувано, дали бидејќи се поврзувани со фамилијата Заеви и истите биле заштитени во криминалот кој го правеле“, посочуваат од партијата.

Истакнуваат дека илјадници штедачи се измамени и истите се уште чекаат разрешница за да бидат обештетени.

„Човечки судбини се во прашање и за овој криминал не смее власта предводена од антимакедонската СДС да молчи. Одговорност мора да има за овој огромен криминал и клопчето мора да биде размотано до крај“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.