Фуркан до Ковачевски: „Не ве пуштаат сам, па мора 19 службени возила за 19км пат?“
19 службени возила за 19 километри асфалт. Вака ли ќе ги скратиме непродуктивните трошоци премиеру, го праша новинарот Фуркан Салиу премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера, при посетата на Мавровскиот регион, направи увид на делницата Извор – Гарски Мост, во должина од 19 километри.
19 службени возила за 19 километри асфалт…Вака ли ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, премиеру? Остај што десетина функционери се наредија во Маврово, па и Генералниот секретар на партијата сте го земале со себе. Што е сега, не ве пуштаат сам, па моравте и него да го земете? А башка бевте на увид на градежните работи на пат кој што веќе требаше да биде завршен. 12 август 2021 ви е наведен како датум кога треба да завршат градежните работи. И на крај, одговорот на секое прашање е: Јас не знам, јас лично не се мешам. Па добро, не се мешајте, ок е… Премиер сте, што има да се мешате, му порача Салиу.