Двоцифрената инфлација е заради неспособноста на СДСМ, народот тоне во сиромаштија заради Ковачевски
Двоцифрената инфлација е заради неспособноста на СДСМ, народот тоне во сиромаштија заради Ковачевски.
ДЗС објави дека инфлацијата во април е 10.5% во однос на април минатата година. Цените на основните продукти и услуги за една година се зголемени од 10% до над 50%.
Во истиот период нема зголемување ниту на платите, ниту на пензиите. Народот е се посиромашен.
Со лошите економски политики инфлацијата само може да расте. Со оваа влада државата е во опасност од економска катастрофа.
СДСМ и ДУИ се причината за кризите во кои е западната државата и тие не можат да бидат решение.
Потребни се предвремени парламентарни избори. По победата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе добие одговорна и посветена влада која ќе се насочи на заздравување на економијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.