Градоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен за загрозеното здравје на неколку илјади граѓани, СДС, ДУИ и Таравари го штитат и не бараат одговорност

Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да не беше градоначалник од нивните, редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот изјави дека не чувствува никаква грижа за тоа што здравјето на неколку илјади граѓани го стави во опасност, од опозицијата нема никаква осуда. Така на пример, СДС се занимава со спинување на информации и собирање дневно-политички поени и со ширење на неточни и непрецизни информации, и се обидува и од оваа криза да извлече нешто за себе, посочуваат во партиското соопштение.

Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари преку молк се обидува да си го заштити својот политички комодитет.

-Оттука, може да заклучиме дека на површина исплива нивната политичка беда и дека им пропадна фасадата дека се борат за правда. Институциите работат и ќе ги утврдат фактите, а секој што има одговорност за овој случај ќе мора да сноси соодветни последици согласно законите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK