(ФОТО) Ѓорѓиевски: Непозната материја се влеваше од Лепенец во Вардар, инспекциите се на терен

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека до Градот пристигнала пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влевала во Вардар, по што веднаш биле активирани надлежните служби.

Како што соопшти Ѓорѓиевски, градските инспекциски служби веднаш излегле на терен, а истовремено биле известени и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои исто така започнале увид.

За утврдување на причинителот на загадувањето, инспекциските служби на Град Скопје пуштиле дрон за детекција на изворот на непознатата материја, додека екипи на ЈП „Водовод и канализација“ земале примероци од водата за лабораториска анализа.

Во комуникација сме со Министерството за животна средина и со министерот и верувам дека за брзо време ќе биде откриен причинителот на оваа појава и соодветно санкциониран. Толеранција нема да има за никого, порача Ѓорѓиевски.

Тој најави дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш штом Министерството за животна средина, како надлежна институција за постапување во вакви случаи, ги соопшти резултатите од анализите и дополнителните информации за случајот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK