Владините „анти кризни“ мерки се недоволни и задоцнети, граѓаните се соочуваат со реприза на сликите од времето на транзицијата

„Анти кризните“ мерки на владата предводена од СДСМ и ДУИ се задоцнети и нема да бидат доволни за пребродување на кризата. Овие мерки нема драстично да им помогнат на компаниите ниту ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

12 дена им беа потребни на оваа неспособна власт на администраторот Ковачевски да ги прифати предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи за намалувањето на ДДВ на основните прехранбени продукти и намалувањето на акцизата на нафтените деривати.

Иако Ковачевски, Пендаровски и целата влада знаеле уште пред 4 месеци дека не очекува криза, тие не мрднале ниту со прст за носење на мерки кои ќе ја спречеа оваа економска криза.

Власта не сака да се откаже од непродуктивните трошења, како и од луксузирањето за да им помогне на граѓаните и компаниите.

Додека Ковачевски на социјалните мрежи се фали за својата неспособност и неработа, цените во маркетите од ден на ден се зголемуваат, а граѓаните едвај преживуваат.

Изминативе недели ги гледаме истите слики во продавниците, бензински пумпи како во времето на транзицијата во 90-тите години од минатиот век.

Последиците од транзицијата беа илјадници граѓани кои останаа без работа, како и стотици затворени фабрики, граѓаните гледаат реприза на случувањата од 90-тите.

Власт на СДСМ и ДУИ мора што поскоро да замине. Граѓаните секој ден се повеќе е загрозен нивниот стандард заради неспособноста и незнаењето на оваа криминална власт.